Украинските сили соборија 27 руски дронови

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските сили соборија 27 дронови испукани од руските сили синоќа на југот на Украина.

Во регионите Одеса, Николаев и Херсон, украинските сили уништија 27 дронови од типот Шахед-131/136 од иранско производство, соопштено е утрово на Телеграм.

Русија лансираше 36 беспилотни летала од источниот дел на полуостровот Крим, кој го анектираше во 2014 година, се додава во извештајот на украинските сили.

Руската војска, која ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, напаѓа различни украински региони речиси секоја вечер користејќи беспилотни летала и проектили.

Слични содржини