Украинско обвинителство: Во војната исчезнаа 329 деца

од Stefanija Kuzmanovska

Украинското државно обвинителство денеска соопшти дека 329 деца во моментов се сметаат за исчезнати во Украина, додека 12.034 се депортирани во Русија.

Во соопштението објавено на социјалната мрежа Телеграм, а кое го пренесува „Гардијан“, се наведува дека до денес исчезнале 329 деца, 12.034 се депортирани, а пронајдени се 7.819 деца.

Обвинителството нагласува дека овие бројки не се конечни, бидејќи се уште се работи на проверка на извештаите кои доаѓаат од фронтот, како и од другите делови на Украина.

Слични содржини