Украинците објавија слика од заробени Руси: „Добредојдовте во пеколот, орки“

од Nikola Popovski

Украинските вооружени сили на Фејсбук објавија слика од наводно заробени руски војници.

Заедно со оваа фотографија имаше и порака:

„И овие кутри дивјаци ќе ни покажат како да живееме на нашата од Бога дадена земја? Немаат поим со кого стапиле во контакт. Добредојдовте во пеколот – орки!“, напиша украинската армија на Фејсбук.

Потсетуваме дека на единаесеттиот ден од војната во Украина, руските сили продолжија да напредуваат кон најголемите градови. Иако Украинците велеа дека Русите не пуштаат цивили да избегаат од воените зони, Русите тврдат дека денеска ќе бидат отворени неколку хуманитарни коридори.

За прв пат во историјата, НАТО ги активира одбранбените планови за источниот дел на блокот, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

 

Слични содржини