Украинците тврдат дека усмртиле уште еден руски генерал

од Nikola Popovski

Украински новинар објави дека украинската армија убила уште еден руски воен генерал. Деталите за неговата смрт се непознати и нема коментари од руска страна за тоа.

-Генерал-мајор Андреј Колесников беше командант на 29-та армија на Источниот воен округ на Русија, изјави Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Најмалку двајца офицери од ист чин наводно се убиени од почетокот на војната во Украина, соопштија украинските медиуми.

Претходно градската управа на руски Новоросијск преку соопштение потврди дека рускиот генерал Андреј Суковецки бил убиен во нападот врз Украина.

Тие наведуваат дека Суковецки, како заменик командант на 41-та комбинирана копнена бригада на руската армија, бил убиен на 28 февруари за време на борбена мисија во рамките на специјалната операција на руските воени сили во Украина.

 

Слични содржини