Три лица од Аквариумот во Сан Антонио Тексас, украле ајкула, која пливала во помал базен, ја замотале во ќебе, ја ставиле во количка за бебе и едноставно ја напуштиле зградата.

Ајкулата која е украдена од овој аквариум се нарекува Heterodontus francisci, е ендемски вид и ја има во близина на брегот на Северна Америка.
Оваа необична кражба ја забележале безбедносните камери, а на видео-снимката се гледа ат троцја кои учествувале во кражбата двајца мажи и една жена.
Еден од крадците приоѓа на базенот во кој посетителите може да ги погалат ајкулите, ја вади малата ајкула ја замотува во ќебе и со количка ја изнесува надвор. По него тргнува и другиот маж. Еден од вработените ги забележува и ја известува мнаџерката. Таа ги стигнува на паркингот, но тие ја ставаат во кофа со вода во камионет, и велат дека тоа е дете на кое му е лошо и сакаат да заминат. Мажот и жената заминуваат со камионетот, но едниот го задржува обезбедувањето и тој се признава.