Улогата, за која секогаш ќе жали

од Vladimir Zorba

Секоја ѕвезда има од оние грандиозни пропусти во кариерата, кога или откажала улога, која подоцна се испоставува супер успешна за друга актерка, или пак едноставно не ја избрале за неа.

Па, Џенифер Лоренс не е исклучок. Иако има само 27 години, таа раскажува за неколку случаи во кои била скршена дека не добила улога.

„Неодамна зборувавме со Ема Стоун за тоа дека секогаш се појавуваме на исти аудиции, иако двете сме многу поинакви. Повеќето случаи, кога нема да добиеш некоја улога, си велиш: „не било пишано, не била за мене, продолжувам напред“. Но единствениот пат кога навистина останав скршена, бев буквално во депресија, беше за „Алиса во земјата на чудата“ на Тим Бартон“, признава Џенифер Лоренс.

Па, улогата на крајот ја доби Миа Вашиковска, која била „совршена и одлична“ во филмот, признава и самата Џенифер.

Таа додаде дека еднаш се случило и нејзината колешка Ема Стоун да добие улога која самата таа очајно сакала да ја земе, но одби да каже за кој филм точно станува збор.

Слични содржини