79
Генералната конференција на Унеско денес во Париз ќе расправа и одлучува за барањето за прием на Косово во таа организација, а Србија како што е најавено, ќе стори се таа точка на дневен ред да биде одложена и за тоа да се преговара во Брисел.
За прием на држави кои не се членки на ЕУ потребни се две третини од гласовите на оние кои пристапиле кон изјаснување, при што гласовите на воздржаните при утврдување на резултатот не се земаат предвид, па така можно е разликата „за“ и „против“ да биде многу тесна, изјави амбасадорот на Србија во Унеско Дарко Танасковиќ.
Србија ќе предложи одлагање на расправата за оваа точка од дневниот ред барем до наредното заседание на Генералната конференција во 2017 година.