Унгарија подигнува ограда на границата со Србија

од Nikola Popovski

Унгарските власти соопштија дека земјата одлучила да ја зголеми висината на граничната ограда на границата со Србија, но и да ја зајакне.

Во соопштението објавено денеска, унгарската влада вели дека чекорот е преземен за Европа да не мора повторно да воспоставува контрола на внатрешните граници.

– Унгарија ја зголемува висината на својата гранична ограда за да не мора Европа да ги обнови внатрешните гранични контроли. Доколку Унгарија не ја заштити својата граница, многу европски земји ќе мораат повторно да воспостават контрола на своите граници, што не само што би претставувало непријатност при патување, туку и би ѝ наштетило на европската економија, истакнал во оваа насока државниот секретар Бенце Ретвари пренесува „Шенген виза инфо“.

Според него, иако оградата на унгарско-српската граница ја штити безбедноста на ЕУ и Европејците, ЕУ не вратила ниту два отсто од 600-те милијарди форинти или 1,5 милијарди евра колку што чинела изградбата.

Слични содржини