Унгарија: Воведените санкции кон Русија ѝ нанесоа поголема штета на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека западните санкции наметнати на Русија не успеале да стават крај на конфликтот во Украина и само ја влошиле економската ситуација во Европа и дека планираниот деветти пакет санкции нема да биде исклучок.

„Санкциите нанесоа сериозна штета на сите, но за жал Европа се уште не ја напуштила оваа политика“, рече министерот во видео-обраќањето објавено на неговата Фејсбук страница, пренесува ТАСС.

Според него, деветтиот пакет санкции, кој сега се подготвува, „судејќи по се дополнително ќе ја влоши ситуацијата во Европа“.

Слични содржини