Условна казна и 50 евра за дивоградбата кај „Мавровка“

од Берта Китинска

Случајот со дивоградбата кај „Мавровка“ доби  правна разрешница.

Инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба лани се уриваше со полициска придружба, признал вина и добил условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3 000 денари (50 евра), пишува „Призма“.

Обвинетиот инвеститор, како што е наведено во правосилната пресуда објавена по барање на БИРН, во јуни годинава признал дека е виновен. Тоа значи дека за овој предмет не се изведувале докази, туку судот ја прифатил неговата вина и пресуда од четири и пол страници го осудил со условна казна затвор од две години, кои ќе бидат активни ако во следните пет не стори ново кривично дело.

Слични содржини