Уставен ја отфрли иницијативата за „Треска“

од Nikola Popovski

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на „Треска“. По спроведената анализа и прибавената документација за овој предмет Судот оценил дека наводите во иницијативата се неосновани.

Од „Шанса за Центар“ реагираа, посочувајќи дека се потврди правилото „Устав може да се смени, ама ДУП никако“.

-На здравје нека се во Буњаковец: над 1 милион м2 бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП; над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП; над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП; над 9.300 просечен број на семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП и 0.36 м2 зеленило по жител или ич, прецизираат од граѓанската иницијатива.

-Дополнително, предвидената густина на изграденост и планираните висини на објектите не се обезбедува минимален стандард за нормално хумано живеење или доволна аерација и минимални 2 часа осонченост, предупредува „Шанса за Центар“.

Иницијативата за преиспитување на планот беше поднесена во јули годинава кога веќе беше извесно дека некои од зградите ќе се изградат, а целта беше да се запрат оние објекти што сè уште немаат одобренија за градење, а се предвидени во планот.

Во кругот на фабриката „Треска“ веќе се гради првата зграда за која е издадена дозвола од Општина Центар.

Слични содржини