Утре ќе се одржи првото рочиште против сопственикот на „Доказ“

од Vladimir Zorba

Во Кривичниот суд утре ќе се одржи првото рочиште против Марјан Стаменковски сопственикот на порталот „Доказ”.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе Обвинителен предлог против сопственикот на порталот „Доказ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост.

Слични содржини