Утре пристигнува пратката од 500.000 вакцини на „Синовак“

од Vladimir Zorba

Државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Н.Е.Џанг Ѕуо, утре недела, на меѓународниот аеродром во Скопје ќе ја пречекаат пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“, информираат од Министерството за здравство.

Како што најави министерот Венко Филипче, истите ќе бидат пуштени во употреба на почетокот од идната недела.

Слични содржини