Утре се отвора преминот Рафа меѓу Египет и Газа за хуманитарна помош за Палестинците

од Radmila Tasevska

Преминот Рафа, единствениот премин во Појасот Газа кој не е под израелска контрола, ќе биде отворен утре за да се овозможи хуманитарна помош да помине на палестинската територија, јавија египетските медиуми.

Повикувајќи се на извори блиски до египетската разузнавачка служба, каналот Al Qahera News објави дека преминот Рафх ќе биде отворен утре, но без други детали.

Според претходните најави, американскиот претседател Џозеф Бајден побарал од египетските власти да дозволат да минат 20 камиони хуманитарна помош преку тој премин, што Светската здравствена организација го оцени како целосно недоволна помош.

Слични содржини