УЖАС ВО ГЕРМАНИЈА: Спасувачите изгубија надеж дека ќе пронајдат преживеани

од Stefanija Kuzmanovska

Една недела по катастрофалните поплави на западот на Германија, спасувачите повеќе не веруваат дека ќе пронајдат преживеани, соопштија денеска претставниците на цивилната заштита.

„Потрагата по исчезнатите се уште трае, испумпуваме подруми од куќи, но во овој момент, за жал, многу е веројатно дека ќе најдеме жртви, а не преживеани“, изјави денеска потпретседателот на германскиот цивилна заштита, Сабин Лакнер.

Во моментов, повеќе од 150 лица се бараат само во областа Арвејлер, која беше најтешко погодена од поплавите што го погодија западот на земјата ноќта меѓу средата и четвртокот минатата недела.

Според последните информации, во поплавите загинаа 170 лица.

Слични содржини