УЖАС ВО СРБИЈА: Со кола удри жена на пешачки, таа леташе 10 метри низ улицата, возачот само продолжи (Вознемирувачко видео)

од Aleksandar Petrovski

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа пред фабриката „Пролетер“ во Ивањица, повредена е работничка од таа компанија И.Ч.

Ја удрил автомобил додека преминувала улица на пешачки премин.

Вознемирувачкото видео покажува дека жената била удрена од автомобил што одел со голема брзина и дека летала неколку десетици метри. За малку ќе паднеше пред друг автомобил, кој за среќа успеа да закочи.

Случаен минувач и возачот на автомобилот пред кој паднала истрчале да и помогнат на жената. Според неофицијални информации, возачот кој ја покосил продолжил.

И.Ч. според неофицијални информации, се здобила со повеќе скршеници и моментално се наоѓа во Белград, но е надвор од животна опасност.

Слични содржини