Вајнштајн остана сам во судницата: Каде исчезна неговата поранешна сопруга

И додека се чека конечната одлука која ќе биде позната во март, покрај озлогласениот и посрамотен продуцент во судницата освен адвокатите немало никој.

Посекако, таму не беше ниту неговата поранешна сопруга, британската дизајнерка Георгина Чапман, 43-годишната косопственичка на познатата модна куќа Marchese чии креации ги носеле многу познати славни дами на црвениот тепих на доделувањата на бројните филмски награди, која по разводот од Вајнштајн се повлече од јавноста.

Успешната и убава Британка засега не се огласила, бидејќи се држи подалеку од медиумите по разводот кој беше финализиран во 2018 година.

Чапман се омажи за Вајнштајн во 2007 година, а тоа за неа беше втор брак. Но откако отпливаа обвинувањата од многуте жени за сексуално злоставување од страна на нејзиниот сопруг, дизајнерката одлучи да се разведе па така јасно даде до знаење што мисли за својот сопруг.

Разводот го најавија во 2017 година, а Чашман се повлече од јавноста откако се откри дека нејзиниот некогашен сопруг е обвинет за злоставување на повеќе од 80 жени.

„Моето срце се крши за секоја жена која почувствувала неверојатна болка поради неопростливите дела“, напишала тогаш Георгина во изјавата.

Според некои извори во спогодбата од поранешниот сопруг довила од 15-20 милиони долари, а освет тоа го добила и старателството врз двете деца.

„Одлучив да го оставам сопругот. Грижата за моите мали деца ми е најголем приоритет и ги молам медиумите за приватност во овој период“, поачала тогаш Чапман.

Модната куќа Marchesa, Георгина ја основала во 2004 година со Керен Крег и за кратко време стана позната меѓу ѕвездите. Меѓутоа, по падот на Вајнштајн, модната куќа на неговата сопруга доживеа криза, па бил откажан и настапот на модната ревија на Модната недела во Њујорк во екот на самиот скандал во 2018 година.

Слични содржини