Валбуена: Бензема ја заслужува „Златната топка“

од Vladimir Zorba

Поранешниот француски репрезентативец Матју Валбуена и Карим Бензема одамна ги прекинаа пријателските односи по скандалот со уцена пред ЕП 2016, но тој е објективен за квалитетите на напаѓачот на теренот.

„Тој ја заслужува „Златната топка“. Би било неправедно да се каже нешто поинаку. Зборувам во чисто спортски план. Јас имам свој пат, тој има свој, нема проблеми“, вели Валбуена, кој моментално е играч на Олимпијакос.

Скандалот меѓу нив изби откако Валбуена пријави дека бил уценуван преку секс-видео во кое тој е претставен. Обвинителството тогаш утврди дека има доволно основи Бензема да дејствувал како посредник меѓу неговиот тогашен репрезентативен соиграч и уценувачите и започна судски процес кој заврши со условна казна.

„Мојот клиент е уморен од оваа постапка. Карим секогаш ќе кажува дека е невин, дури и ако казната значи вина“, изјави пред неколку дена адвокатот на Бензема.

Слични содржини