Варан нема да игра против Челси

од Stefanija Kuzmanovska

Реал Мадрид ќе биде дополнително ослабен на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челси.

Натпреварот во Лондон ќе го пропушти и Рафаел Варан, кој беше полесно повреден изминатиов викенд против Осасуна.

Тој ги повреди препоните, а од „кралскиот клуб“ стигна вест дека францускиот стопер ќе отсуствува најмалку 10 дена.

„По деталните прегледи, утврдено е дека Варан ги повредил препоните. Прегледот го извршија лекари од клубот“, соопштено е од Реал.

Дуелот на „Стемфорд Бриџ“ е на програмата во среда од 21 часот, а на првиот натпревар во Мадрид беше 1:1.

Слични содржини