Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, наведе денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.

Вархеји на мрежата Х напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници ширум Косово.

„Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент. Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ“, порача Вархеји.

Слични содржини