Велика Британија: Најголем број на смртни случаи од почетокот на епидемијата, Лондон прогласи вонредна состојба

од Stefanija Kuzmanovska

Лондон прогласи вонредна состојба во петокот поради ризик од пренатрупаност во градските болници, што е последица на лесно преносливиот вид на коронавирусот кој „излезе од контрола“ ширум Велика Британија.

Велика Британија е официјално петта по смртност од коронавирусот во светот, со над 78.000 смртни случаи, додека премиерот Борис Џонсон ја запре економијата и охрабри поитно производство на вакцини од соседните земји со цел да се спречи ширењето на пандемијата.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, рече дека ќе снема болнички кревети во главниот град во следните неколку недели, бидејќи вирусот се шири „надвор од контрола“.

„Прогласуваме вонредна состојба затоа што заканата што овој вирус ја претставува за нашиот град достигна критична точка“, рече Кан.

Денес во Велика Британија е забележан најголем број на смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата – 1.325.

Овој број ги вклучува и сите оние кои починале како резултат на инфекција со коронавирус во рок од 28 дена по позитивниот тест.

Бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата сега изнесува 79.833 и е најголем во Европа.

Слични содржини