Великодушно: Роналдо се откажа од 4 милиони евра и спаси многу работници во Јувентус

од Vladimir Zorba

Бидејќи во моментот немаат приходи од ТВ права и билети, фудбалските клубови се борат да ја задржат својата финансиска стабилност.

Во Јувентус, кој е од северна Италија, инаку најтешко погодениот регион во светот од коронавирусот, тешката состојба ја олеснија играчите, кои по предлог на Џорџо Киелини и Кристијано Роналдо, решија да се откажат од дел од платата за да можат другите работници во клубот да продолжат да добиваат редовно плата, и да не бидат отпуштени од работа.

Пример, Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра од неговата годишна плата.

Потсетуваме дека Роналдо, заедно со неговиот менаџер Жорже Мендеш, исто така донираа голема количина медицинска опрема во болниците во Лисабон и Порто за борба против коронавирусот.

Слични содржини