Верстапен незапирлив на домашен терен

од Nikola Popovski

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Холандија.

Актуелниот светски шампион на домашната патека Зандворт стигна до 30-от триумф во кариерата и со тоа го зголеми водството во генералниот поредок. Ова беше негова десетта победа сезонава.

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел го освои второто место, додека Шарл Леклер од Ферари заврши трет.

Тимскиот колега на Расел, Луис Хамилтон, ја мина целта на четвртото место, додека Серхио Перез од Ред Бул ја заврши трката на петтата позиција.

Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Алпин), Ландо Норис (Мекларен), Карлос Саинц (Ферари), Естебан Окон (Алпин) и Ленс Строл (Астон Мартин).

Во генералниот пласман по 15 трки води Верстапен со 310 бодови, додека на второто место се изедначени Перез и Леклер со по 201 бод.

Следната трка е Големата награда на Италија следната недела во Монца.

Слични содржини