Вештакот во предметот „Тендери“: Музејот на ВМРО се градел пред склучување на било каков договор

Во Кривичниот суд денес, градежниот инженер, Небојша Арсовски потврди дека, изградбата на Музејот на ВМРО започнала пред да биде склучен договорот за градба.

Имено, тој го изработил вештиот наод во 2017. година, по барање и налог од страна на Специјалното јавно обвинителство во за целите и потребите на предметот „Тендери“.

Вештакот потенцираше дека од стручниот наод и анализите, може да се заклучи дека станува збор за комплексна градба и дека истата е започната со реализација на основен договор во процес, каде покрај носителот на договорот се вклучени поголем број подизведувачи и дека континуитетот на градбата го пратат повеќе договори како резултат на повеќе непредвидени работи.

„Фокусот на анализата е во документацијата од Договорот од 5 октомври 2011 година. Континуитетот на градбата и решавањето на проблемите во од за работи кои не се предвидени во договорот можеби е добра за динамиката на самата градба, на мислење сме дека јавната набавка со денот на воведување на работа на изведувачот дел од нив биле изведени во фаза на изведба, пред изведувачот да биде воведен во работа“, истакна Арсовски во судот.

Вештакот меѓудругото, истакна и дека од воведувањето на работата на изведувачот до ситуирање на работите е невозможно во тој кус период да бидат реализирани сите работи кои веќе биле изградени.

„На барање на ЈО за утврдување на градежните работи за на Музејот на ВМРО од 18 август 2011, врз основа на градежната документација која не е водена во целост, на мислење сме дека од временскиот период на воведување на работа до ситуирање на работите, од анализираната документација, факт е дека технички и технолошки е невозможно да биде реализиран овој обем на работа, посебно во првата времена ситуација, дел се реализирани по ситуирање на истите, но има ситуирани позиции кои делумно биле сработени претходно и позиции кои се работени покасно со оглед на краткиот временски период“, посочи вештакот.

Одбраната во вкрстено испрашување на Арсовски праша дали неговата лиценца е од 2012 година која има важност пет години, односно до 2017 година, вештакот потврди но појасни дека во тој период кога го почнал вештачењето, веќе имал поднесено барање за продолжување на лиценцата. Вештакот рече дека не е само тој на кој не му била продолжена лиценцата.

Инаку, во предметот „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“. Обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.

Слични содржини