(ВИДЕО 18+) Светска сензација: Хирурзи објавија успешна трансплантација на човечка глава на труп – дело на хирурзи од Харбин во Кина, на чело со италијански хирург

од desk4
199 прегледи

Хирурзите од медицинскиот универзитет Харбин во Кина успеале да извршат пресадување на човечка глава на труп.

Ова беше соопштено на прес-конференција од страна на италијанскиот хирург Серџо Канаверо, кој исто така работи во оваа насока.

Сега следува целосна трансплантација на глава од донатор со мртов мозок, пишува The Telegraph цитирајќи го Канаверо.

Хирургот, исто така, откри дека операцијата траела 18 часа. Експертите успеале да ги спојат коските, нервите и крвните садови.

Според зборовите на Канаверо, првото пресадување на глава се случило токму во Кина, бидејќи не успеал да најде поддршка меѓу колегите во САД и Европа.

Во 2015 година Серџо Канаверо објави дека започнал проект, во рамките на кој планирал да изврши пресадување на глава од донатор на тело на доброволец при што се соединуваат рбетот со главниот мозок со помош на посебна процедура наречена од него протокол GEMINI.

Прв да учествува во експериментот се согласи рускиот програмер Валериј Спиридонов, кој е врзан за инвалидска количка поради мускулна дистрофија. Подоцна, сепак, стана јасно дека првата таква операција ќе биде во Кина.