(ВИДЕО) 7-те најзначајни откритија на човештвото

од Vladimir Zorba

Без нивното постоење животот на луѓето би бил сосема поинаков

1480792207-erthrt
Откритијата го променија светот, но има такви фундаментални откритија и пронајдоци кои со нивната примена му дава на човештвото квантен скок во историјата. Без нивното постоење животот на луѓето би бил сосема поинаков.
Еве ги:

7. Интернет

Од своето основање до денес светскиотинформациски систем им го промени животот на луѓето. Денес живееме во општество со ексклузивен пристап до информации. Можеме да тврдиме дека најскапиот производ во светот сега е информацијата.

6. Компјутерот

Во ерата на високата технологија, компјутер за половина век им сврте животот на луѓето. Во 21 век нема сфера во која да не учествуваат компјутерите. Претпоставувајќи дека одеднаш компјутерите ќе запрат, практично светот запира.

5. Антибиотиците

Откако биле измислени до денес, лековите спасиле милиони животи. Научниците сметаат дека населението на планетата се зголемило за околу 1,5 милијарди, бидејќи антибиотиците ја намалија смртноста на луѓето.

4. Струјата

Сега замислете дека струјата дека ќе исчезне. Во овој момент, луѓето ќе се вратат во темните векови. Научниците сметаат дека 50 проценти од луѓето на планетата ќе загинат во војни за ресурси. Нема како да не го коментираме фактот дека речиси 100 проценти од пронајдоците се базираат на струјата.

3. Барут

Барутот се рангира на третата позиција на листата. Тој го менува животот на луѓето и ја заменува физичката сила со силата на науката. Тој го менува начинот на водење војна, го менува начинот на размислување на човештвото.

2. Тркалото

Тркалото е најважно најприродно откритие во историјата на човештвото со фундаментално значење. Тркалото ги поставува основите на сите човечки откритија. Колку и едноставно да е, тоа е и толку генијално.

1. Огнот

Сам по себе огнот не е откритие, ама е феномен. Како да го контролираме? Во таа смисла токму огнот го воведе човештвото кон еволуција. Тој ги направи луѓето висок господар на планетата. Од сите откритија на човештвото огнот одигра најголема улога.

Слични содржини