ВИДЕО: Бијонсе во Лондон се појави пред публиката во костим од 40.000 кристали

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Бијонсе моментално е на европска турнеја, а за нејзините настапи се зборува долго време.

Покрај моќниот вокал, Бијонсе секогаш изненадува со своите оригинални стајлинзи, како и со енергичната актерска и сценска изведба.

Таа синоќа одржа концерт во Лондон, а посебно внимание привлече црвениот костим кој го носеше.

Костимот е специјално дизајнирано за неа, а се состои од дури 40.000 кристали. Интересно е и тоа што секој кристал е залепен рачно.

Бијонсе е на турнеја со нејзината единаесетгодишна ќерка Блу Ајви, која одигра кореографија на една песна со танчерите.

Блу Ајви ги воодушеви сите кога танцуваше покрај мајка си и доби бројни пофалби за нејзините танцувачки способности, а многумина коментираа дека јасно го наследила својот талент за танцување од нејзината мајка.

Слични содржини