ВИДЕО: Цеца во тесен фустан ја засени својата внука која прослави полнолетство

од Stefanija Kuzmanovska

Цеца Ражнатовиќ синоќа со семејството во ресторан во главниот град го прослави полнолетството на нејзината внука Хелена.

Хелена е најстарото од четирите деца на Лидија и Предраг Оцокољиќ, поранешен фудбалер.

По тој повод тие ги собраа блиските пријатели и семејството, а меѓу бројните гости беа и пејачките Александра Младеновиќ и Вања Мијатовиќ. Специјално изненадување за младата Хелена беа раперите Михајло Веруовиќ Војаж и Игор Паниќ Нучи, кои отпеаја неколку нумери.

Цеца за оваа пригода избра тесен смарагден фустан.

Слични содржини