Груевски денеска не сакаше да зборува за автентичноста на снимките кои ги објавува Заев, а на кои, како што вели СДСМ, се слуша неговиот глас.

– Вашиот глас дали е автентичен?

– За автентичноста, како што кажав, ќе стане збор во делот на процесот кој што следува.

– Зошто не сакате сега да се изјасните?

– Затоа што така треба.

Груевски пред три дена даде сличен одговор на новинарско прашање поврзано со „бомбите“. Запрашан зошто тој излегува на прес конференција и одговара на прашања во доменот на работата на МВР и судовите, и минатиот пат и сега, арогантно и кратко одговори:

– Затоа што така одлучив!

Слични содржини