(ВИДЕО) И покрај забраната за собири, ДПА одржа конгрес во полна сала

од Aleksandar Todeski

И покрај забраната за јавни собири на отворено и затворено, како и препораката да се седи на минимум разделечност од 1,5 метри, Демократската партија на Албанците предводена од Мендух Тачи, одржа конгрес пред полна сала, непочитувајќи ниту една препорака на владата за борба со коронавирусот.

Тој говореше за изборите и ги критикуваше опонетите од другите партии на Албанците во преполна сала со граѓани, иако владата предвидува казни и санкции за непочитување на строгите мерки за спречување на коронавирусот.

Мерките освен забрана за јавни собири, ги затворија и најголем дел од границите, како и аеродромот во Охрид, а со мерките, времено не работат затворените молови, кафулињата, клубовите, казината и спортските обложувалници.

Во моментов има 18 лица заболени од коронавирусот, а кризна состојба е прогласена во Дебар и Центар Жупа, каде ќе се проверува дали се позитивни на коронавирусот и оние кои не биле во контакт со лица вратени од ризичните земји.

Fjalimi i kryetarit z. Menduh Thaçi në konventën promovuese të kandidatëve për deputet të PDSH-së për zgjedhjet parlamentare të 12 prillit 2020.

Публикувахте от Partia Demokratike Shqiptare в Събота, 14 март 2020 г.

Слични содржини