ВИДЕО: Меркел во потрага по Путин пред почетокот на конференцијата за Либија

од Aleksandar Todeski

„Каде е Путин“ беше прашањето кое на инсерти го фатиле светските медиуми, а го поставува германската канцеларка Ангела Меркел за време на групното фотографирање со светските лидери пред почетокот на конференцијата за Либија, која се одржа Берлин.

Меркел прашањето го поставува кон францускиот претседател Емануел Макрон и државниот секретар на САД, Мајк Помпео во моментот кога сите лидери, освен рускиот претседател Владимир Путин се наместени за групната фотографија.

Кога тој последен се појави, германската канцеларка Ангела Меркел му посочи каде да застане за фотографијата.

Слични содржини