ВИДЕО: Најмалку 6 загинати во пожар во хостел во Нов Зеланд, полицијата смета дека е подметнат

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Вчера наутро избувна пожар во хостел во Велингтон, Нов Зеланд, при што загинаа шест лица. Полицијата денес извести дека смета дека пожарот е подметнат и истрагата ја насочила кон потрага по сторителот.

Засега никој не е уапсен, изјави утрово инспекторот Дион Бенет, но не даде детали за причините поради кои веруваат дека пожарот е подметнат, ниту пак откри што би можело да биде средство за потпала.

„Бројот на жртви може да се зголеми“

Во хостелот во моментот на пожарот имало 92 лица, а ден потоа се уште нема точна бројка на исчезнати лица, изјави Бенет. Сегашниот број на исчезнати е помалку од 20, вклучително и шест лица за кои е потврдена смртта, рече тој, пренесе Би-Би-Си.

„Сметаме дека бројот на загинати може да се зголеми“, рече Бенет.

Пожарот избувна вчера во 00:25 часот и принуди десетици посетители да скокнат од креветот и да се обидат да излезат. Некои скокнале од прозорците на четирикатницата, а петмина биле спасени од покривот пред пожарот да биде ставен под контрола околу 6 часот наутро.

Слични содржини