ВИДЕО: По повик на завеани жители на село Галичник, Ангелов на терен

од Берта Китинска

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по пријава во ЦУК од постојани жители и претседателот на месната заедница на Галичник, изврши увид на состојбата на со снег завениот пат на потегот од Маврови Анови кон Галичник.

-Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се контактирани надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Во ова прилика, уште еднаш ги повикуваме граѓаните во села и населби, каде што во зимниот период патиштата се во поголем дел непроодни и завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да го контактираат ЦУК на 195, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Слични содржини