ВИДЕО| Познат фудбалер тепа луѓе на улица, фановите шокирани

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Шефилд Јунајтед и шкотски интернационалец, 24-годишниот Оли Мекбурни е во центарот на скандалот откако беше снимен како тепа луѓе на улица.

На Интернет се појави видео кое покажува дека тој ја нападнал групата што го снимала. Прво им го зел мобилниот телефон, го фрлил на подот и го згазнал, а потоа шутнал еден млад човек. Ова видео го пренесоа бројни англиски медиуми, кои предупредуваат дека е скандалозно фудбалерот да се однесува вака.

Мекбурни заработува повеќе од 20.000 евра неделно, а во последно време тој не играше за Шефилд, клуб кој теоретски испадна од Премиер лигата поради повреда.

„Челниците на Шефилд Јунајтед се свесни за видеото што се појави на Интернет и го испитуваат овој случај“, соопшти клубот.

Мекбурни неодамна беше казнет со 30.000 евра за возење автомобил под дејство на алкохол. Во моментов се опоравува од повреда и прашање е дали ќе може да игра за Шкотска на Европското првенство.

Слични содржини