ВИДЕО: Роналдо во солзи откако Португалија беше елиминирана од Светското првенство

од Stefanija Kuzmanovska

Кристијано Роналдо и Португалија се елиминирани од Светското првенство во Катар, откако со 1:0 загубија од Мароко.

Веднаш по завршување на мечот, Роналдо не можеше да издржи и почна да плаче, веднаш заминувајќи во соблекувалната.

За Роналдо ова беше петто Светско првенство и најверојатно му пропадна последната шанса да стигне до светскиот трон. Капитенот на Португалија има 37 години што значи дека кога ќе биде Мундијалот во 2026 година тој ќе има 41 година и мали се шансите дека ќе може да игра на тој планетарен собир.

Слични содржини