(ВИДЕО) Заев: Финансиска помош вредна 17,2 милиони евра наменети за 400 компании

Премиерот, Зоран Заев утринава најави финансиска помош за 400 компании во износ од 17,2 милиони евра, како дел од мерката за зајакнување на конкурентноста.

„400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра, како дел од мерката за зајакнување на конкурентноста.
Целта на оваа економска мерка е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, подобрување на конкурентноста, а со тоа и отворање на нови работни места и задржување на постојните“, се вели во објавата на фејсбук профилот на премиерот Заев.

Слични содржини