(ВИДЕО)Лавина на француските Алпи усмрти најмалку четири лица, се стравува дека бројот на жртви е уште поголем

од Nikola Popovski

Во лавина на француските Алпи загинаа четири лица, додека спасувачите ја продолжуваат потрагата, имајќи предвид дека бројот на жртвите се претпоставува дека е поголем, објавија француските медиуми.

Лавината се спуштила по глечерот Армантет во Контаминес-Монтжои, во регионот Горна Савоа, на околу 30 километри југозападно од Шамони.

За овој немил настан на својот Твитер се огласи и министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин.

„Кон средината на денот на глечерот Армантет на Алпите се појави лавина. Привремениот извештај покажува дека четири лица загинаа, а неколку се повредени. Спасувачите сè уште се на терен. Им благодариме за нивната акција. Моите мисли се со жртвите и нивните најблиски“, напиша Дарманин на својот Твитер.

Локалната радио станица „France-Bleu“ ја процени големината на лавината на долга илјада метри и широка 100 метри. Два хеликоптери биле испратени да помогнат во потрагата. Претседателот Емануел Макрон исто така соопшти дека неговите мисли се со жртвите.

Слични содржини