„Вие сте хероите на Виена!“: Бестрашните ММА борци спасија старица и ранет полицаец од терористите

од Берта Китинска

Двајца турски борци од ММА со привремено живеалиште во Виена станаа херои поради нивната храброст ден по ужасниот терористички напад во главниот град на Австрија.

Бестрашните борци на ММА спасија една постара жена и ранет полицаец за време на пукање во центарот на градот, објавија странските медиуми.

Микаил Озен и Реџеп Гултекин се појавуваат во вирално видео снимено во понеделникот вечерта. На снимката се слуша како Озен вика „Прекриј се!“ На турски јазик, по што и двајцата се засолнуваат зад зградата што личи на влез во метро станица.

За време на лудиот терористички напад, Гултекин беше ранет во ногата, но за среќа повредите не беа посериозни.– Старицата отишла на местото на настанот, пеш. Кога ја видовме жената, застанавме и се спуштивме долу. Ја однесовме  жената на безбедно, изјави Озен за турската медиумска куќа Хуријет, додавајќи:

– Тогаш стигнавме до метро-станицата. Ги видов полицајците како пукаат и трчаат кон напаѓачот. Станувало збор за еден напаѓач и тројца полицајци. Еден од нив беше ранет, рече Озен.

– Во еден момент за време на инцидентот, вооружените напаѓачи беа оддалечени од нас само на пет до шест метри, рече Озен, кој потекнува од турскиот град Сарикаја.

Потоа отишле во полициската станица каде откриле се што знаеле за напаѓачот.

Корисниците на социјалните мрежи денес ги слават овие двајца мажи затоа што ги ризикуваа своите животи за да им помагаат на другите.

– Херои од Виена!, Велат тие на мрежите.

Слични содржини