Модната дизајнерка Викторија Бекам ја краси насловната страница на модниот магазин Харперс Базар, а во таа прилика зборувала за својот изглед и за тоа колку долго била несигурна и незадоволна со себе. Освен тоа, таа рекла дека и понатаму не се чувствува како убава жена.

– Не мислам за себе дека сум убава. Апсолутно не. Но, се трудам да го извлечам најдоброто што можам, од она што го имам. Ги гледам своите недостатоци и несовршености и само се насмевнувам и ги прифаќам. Но, долго ми требаше да дојдам до таа состојба – признала.

– Ми требаше многу години да ги прифатам своите несовршености. Еве сега кога имам 45, добро знам дека сето тоа е нормално – додала Викторија.

Во оваа прилика таа се осврнала и на деловните работи и кариерана на дизајнерка која ја гради веќе долги години.

– Многу работи слушнав низ годините. Сфатив дека е многу тешко да го одржуваш својот успег него да го постигнеш. Не секогаш е се така гламурозно како што мислат луѓето – коментирала модната дизајнерка за гласините дека бизнисот и е во хаос.

Слични содржини