Вилијам и Кејт го очекуваат своето трето дете во април

од Vladimir Zorba

Војводите на Кембриџ, Вилијам и Кетрин го очекуваат третото дете да се роди во април 2018 година, соопшти кабинетот на палатата Кенсингтон, цитиран од светските новински агенции.

Двојката објави минатиот месец дека Кетрин е бремена и страда од утринско гадење, но не откри кога се очекува појавата на новиот член на кралското семејство.

Вилијам и Кејт имаат две деца. Поголемото од нив и третиот по ред наследник на престолот е 4-годишниот принц Џорџ. Нивната ќерка, принцезата Шарлот, родена во 2015 година, е четврта наследничка. Бебето кое доаѓа на светот ќе биде петто во согласност со Законот за наследството на британскиот престол.

Се зборува дека Вилијам и Кејт чекаат близнаци, но оваа информација не беше официјално потврдена.

Слични содржини