Вирусот дојде и во палатата: Вработен кај кралицата позитивен на коронавирусот

Кралицата Елизабета ја напушти Бакингемската палата пред неколку дена, со цел да го избегне вирусот. Пред да отиде во Винздор, вработените од палатата се тестирале на коронавирусот. Како што пишува Mirror, еден од нив е позитивен.

– Вработениот дознал дека е позитивен пред кралицата да замине во Винздор. Палатата има 500 членови на персоналот, па како било кое друго работно место, не е незамисливо дека некој ќе се зарази – рекол извор од кралското семејство.

Секој член на персоналот кој бил во контакт со заразениот, ќе мора во самоизолација. Сепак, не е познато дали кралицата била во контакт со него. Откако вирусот се прошири, кралицата избегнуваше контакт и ракување со луѓе.

Кралицата е во Виздор со сопругот, принцот Филип. Таму одат секоја година за Велигден, а овој пат одморот го започнаа порано. Во следниот период нејзините обврски ќе ги преземе нејзиниот внук, принцот Вилијам.

Слични содржини