Вишокот тутун може да се откупи за само три дена, вели Хоџа

од Nikola Popovski

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа е оптимист дека со добра организација, околу 1500 тони тутун од вишокот може да се откупи за само три дена.  Тој очекува од откупувачите да кажат колку од вишоците ќе може да преземат, по што ќе се знае дали ќе има дополнителни измени на Законот за тутун кои би овозможиле извоз од страна на производителите.

„Реално секоја година имаме вишок што ако гледаме детално тоа е вон законски, значи секој произведен тутун надвор од договореното е противзаконски. Секако станува збор за категорија на луѓе што ние не можеме да применуваме закони за една категорија каде има значајна економска и социјална улога во државата и затоа се обидуваме да изнајдеме решение за зголемување на количините“, рече Хоџа.

Од реколтата 2020/21 договорени количини имаше 23.000 тони, но досега, како што соопшти министерот, се откупени 23.300 што е околу 2 милиони килограми повеќе.

Во однос на 5 милиони евра поддршка кои се дел од петтиот пакет антикризни мерки, Хоџа напомена дека сè уште не е јасно прецизиран ставот како овие средства ќе се искористат. Тоа ќе биде договорено по целосното завршување на откупниот процес.

 

 

Слични содржини