Вистинска дама: Позната пејачка ја воодушеви публиката со својот стајлинг (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Никол Шерцингер ја воодушеви публиката со својот прекрасен стајлинг. Имено, поранешниот член на групата „Пусикет кукли“ го привлече вниманието на публиката со елегантен и софистициран фустан.

Овој пат таа воодушеви со неверојатно издание по повод седумте децении од владеењето на кралицата Елизабета.

Иако јубилејот на кралицата беше пред неколку дена, светот не престанува да зборува за изданијата на познатите личности кои присуствуваа на оваа церемонија. Никол го привлече вниманието на јавноста со својот фустан.

Таа на Инстаграм објави фотографија од својата комбинација на облека, а многумина беа воодушевени од модниот избор.

Никол облекла долг бел фустан со цветни детали во дезенот, кој ја следи фигурата на нејзиното тело. Целокупниот изглед го заокружи со бисерно ланче, шешир, но и цвет кој, ни се чини, беше централниот мотив на нејзиниот изглед.

Слични содржини