Витаминска чорба: Исчистете го организмот од масти и токсини

Издвојте еден ден во седмицата за да го исчистите организмот од месо, слатки, пецива. Цел ден јадете само чорба и исчистете го телото. Здравјето доаѓа преку храната.

Потребно:

1/2 праз
2 моркови
1 елер
1 корен од магдонос
коцка зелка
малку грашок
1 свежа пиперка
бибер во зрна
шолја ориз
масло
ловоров лист
лист од магдонос

Подготовка:

Зеленчуците исечкајте ги на коцки. На масло пропржете еден рендан морков па додадете го сечканиот праз и издинстајте го, а подоцна додадете ги останатите зеленчуци и малку инстајте. Налејте вода, додадете зрна бибер и ловоровиот лист. При крајот на готвењето додадете го измиениот ориз. На крајот ставете и малку лист од магдонос, зачини, сол.

Пријатен апетит!

Слични содржини