Влада: Доставени се во Собрание измените на Законот за попис

од Nikola Popovski

Откако лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вчера се договорија за одложување на пописот за септември, Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.

„До Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен Предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно дека се врши менување на датумите за спроведување на Пописот и дека тој ќе се спроведе во септември оваа година.

Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември“, соопштија од владината прес-служба.

Алијанса за Албанците и Алтернатива не се согласуваат со одложувањето на пописот што беше договорено на вчерашната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ќе направи сѐ за да не се случи тоа.

Лидерите на двете партии, Зијадин Села и Африм Гаши, на денешната прес-конференција најавија дека ќе го искористат Бадентеровиот принцип да го блокираат одложувањето на пописот.

Слични содржини