Владимиров: Ветото за Македонија е креирано од руските специјални служби

од Nikola Popovski

Ветото за Македонија не е замислено и креирано во Софија. Според мене, ветото е акција на руските специјални служби и ова е класичен пример за хибридна акција против НАТО и ЕУ. Многу олигледно е дека сите руски играчи ви Бугарија се вклучени во оваа работа, вели политичкиот аналитичар од Софија, Владимир Владимиров.

Според него, ова се прави „прво за да ја немаме оваа бугарска влада и втора работа, да се запре економскиот развој на Бугарија и целиот економски развој на Западен Балкан“.

-Не би сакал да давам прогнози дали ќе се крене ветото до крајот на француското претседателство со ЕУ. Бугарија не доби поддршка од ниту еден свој партнер во ЕУ и НАТО за ветото, рече Владимиров во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини