Владина делегација оддаде почит на Спомен- костурницата во Куманово

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Со високи почести, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по повод Денот на народното востание-11 Октомври, денеска положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Во рамките на владината делегација присутни беа првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за информатичко општество, Азир Алиу.

Почит оддадоа и претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Армијата, Сојузот на борци, како и делегација на Собранието на Република Северна Македонија.

На Спомен- костурницата во Куманово, во чест на паднатите борци, цвеќе положија и бројни делегации, меѓу кои делегација од општината Куманово, претставници од Општински одбор на борците на град Куманово, претставници на дипломатскиот кор, парламентарни политички партии, државни институции, агенции, јавни претпријатија, здруженија и многу други.

Слични содржини