Властите во Англија го одземаат Челзи од Абрамович?

од Vladimir Zorba

Британските власти може да го конфискуваат Челзи од рускиот олигарх, Роман Абрамович. Со оваа вест излезе едно од најавторитетните изданија на „The Times“.

Во Велика Британија подготвуваат лични санкции против Русите кои се вклучени во корупција и перење пари. Ако се докаже дека милијардерот го купил клубот од „Стемфорд Бриџ“ со нелегални средства, тие ќе му бидат одземени, а тоа важи и за Челзи.

Абрамович е сопственик на тимот од Лондон од 2003 година, инвестирајќи над 3 милијарди фунти за тој период. Над 800 милиониод нив се за трансфери, над 2,5 милијарди фунти за плати и околу 70 милиони фунти бенефиции за ослободување на менаџери.

Во ерата „Абрамович“, Челзи освоил 16 трофеи, од кои четири титули на Англија, еднаш Лигата на шампиони и четири пати триумфирал во ФА Купот.

Слични содржини