ВМРО-ДПМНЕ излегува на нови протести, овој пат против загадениот воздух

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира во Скопје и во уште четири други градови поради загадениот воздух.

„ Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки. Затоа ги повикуваме сите граѓани утре 29.10.2020 од 19:00 часот на протест пред Влада на Република Македонија. Протести дополнително ќе се одржат и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини