ВМРО-ДПМНЕ: Штрајкот на просветарите е легитимен – барањата се оправдани

од Берта Китинска

Вработените во образованието имаат законски основ да бараат повисоки плати согласно колективниот договор.Просветарите имаат легитимно барање за поголеми плати затоа што стандардот вртоглаво им опаѓа, затоа што инфлацијата во месец март е 8,8%, а за една година лебот поскапе 100%, маслото за јадење 100%, горивата над 70%, струјата 30% и сите животни трошоци од 30 до 50%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека просветните работници имаат морално право да бараат повисоки плати затоа што власта на СДСМ и ДУИ потрошила милиони евра за криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, коруптивни бизниси, но и службени возила, позлатени прибори, режани цвеќиња, фстаци, жардињери, хотелски услуги и какви ли не други непродуктивни трошоци.

-Власта знае дека штрајкот на СОНК беше најавуван два месеци пред да се случи. Владата доколку вистински сакаше да најде решение за барањата на просветниот кадар тоа можеше да го направи уште пред почетокот на штрајкот.
Притисоците, заканите и заплашувањата од страна на власта упатени кон просветарите се за секаква осуда. Овие луѓе ги едуцираат и се грижат за нашите деца и заслужуваат достоинствен однос од институциите, велат од опозицијата.

Слични содржини